2 Бона “лапаат од медот”

Секоја нова песна им е апсолутен хит, редовно се гости по телевизиските емисии, а почнаа да настапуваат и надвор од Скопје. Се чини дека Марио Јелиќ и Антонио Стојановски немаат сопирачка.

Нивните фанови со нетрпение чекаат да излезе “Балкан”, за која Кун изјави дека ќе биде “next level”.

Последната нивна соработка со Тракер #НМДМ (Не Ми Дава Мир) за само еден месец брои 250 000 прегледи на you tube, а МОЕТ (ft Таско и Тракер) има над пола милион прегледи.

2 Бона неодамна беа во Велес, а Новата Година ќе ја стартуваат со настап во Прилеп, 4ти јануари, Art Café-Aporea.

@left__h