2 Бона во трка за два милиона

Пред само два месеци прогнозиравме (со точност) дека МОЕТ на 2 Бона и Таско ќе им ги донесе првите милион прегледи на You Tube.

Денес МОЕТ брои повеќе од 1,1 милиони прегледи и е дефинитивно еден од најголемите хитови на македонската музичка сцена, воопшто. Со вакво темпо на повидок е и вториот милион.

Дијаманти на Слаткаристика во соработка со 2 Бона само за две недели има 950 000 прегледи што значи дека очигледно ќе биде втора соработка на 2 Бона со милион прегледи и тоа за рекордно време.

Балкан е третиот хит на 2 Бона (овојпат без features) кој е најблиску до милион прегледи (со моментални над 893 000 прегледи). Со оглед на тоа дека Балкан ʺрастураʺ и е неверојатно прифатен од публиката (како во Македонија така и на Балканот), момците бројат денови до милионче.

@left__h