Корисниците на популарната платформа „ТикТок“ се повикани веднаш да ја избришат апликацијата, откако некој ја деконстрирал платформата и открил дека таа наводно краде лични податоци од корисниците.

Кинеската апликација за објавување и споделување кратки видеа, која посебно е популарна меѓу тинејџерите, не е ништо друго освен „услуга за собирање податоци маскирана како друштвена мрежа“, тврди корисник на „Reddit“ кој со метод на обратен инженеринг ја анализирал апликацијата.

„Ако постои API (интерфејс за програмирање со апликации) за добивање информации за вас, вашите контакти или уред … добро, тие ги користат”, напиша тој, меѓу другото, во еден подолг пост што стана вирален.

Апликацијата наводно го следи хардверот во телефонот на корисникот – значи вид на процесор, ИД хардвер, потрошна меморија и простор на диск – како и сите други останати апликации кои корисникот ги инсталирал.

Открил дека и како апликацијата има неколку различни заштити кои спречуваат корисникот да го направат тоа што него му успеало.

„Однесувањето на апликацијата лесно се менува ако знаат дека пробувате да сфатите што прават“, додал тој.

За споредба, исто направил и со другите популарни социјални мрежи како што се Фејсбук, Инстаграм и Твитер, па вели дека податоците кои тие ги собираат се незначајни во однос на ТикТок.

Тој додава дека апликацијата им овозможува „виралност“ на корисниците со цел да останат на платформата.

„Вашата прва објава најверојатно ќе добие полно лајкови, без оглед на тоа колку е добра“, пишува тој.

Инаку, властите во Индија, главен меѓународен пазар на ТикТок, неодамна во продолжение на ескалации и тензии меѓу две земји забранија низа кинески апликации, вклучувајќи ја и оваа апликација, бидејќи, како што тврдат, претставуваат „закана врз суверенитетот и интегритетот“ на нивната држава.