Социјалните мрежи Твитер и Фејсбук ги сменија своите профили фотографии на официјалните страници и нивните икони сега станаа црни.

Со овој потег, тие решија да покажат солидарност во борбата против расизмот, која станува сè поголема во светот, пишува Business Insider.

Откако полицаец во САД го уби афроамериканецот во текот на апсењето, бројни Американци започнаа да протестираат, на улиците избувнаа и нереди, а сè повеќе луѓе бараат конечно истребување на расизмот во друштвото.

„Ние стоиме против расизмот и во солидарност со заедницата на Црните. Да го засилиме гласот на Црнците и да се бориме против системската нееднаквост во нашиот свет“, истакнуваат од Фејсбук.

„Расизмот не е дел од социјалното дистанцирање. Во текот на зголемениот страв и несигурност поради пандемијата, приметивме нешти загрижувачки: расизмот и неправедноста со кои секојдневно се соочуваат луѓето со Црна или Кафена боја на кожа“, порачуваат од Твитер.