Опцијата „видено“ на месинџер на корисниците им открива дека пораката сте ја виделе, а тоа на многумина им создава притисок дека мора веднаш да одговорат на истата. Дали сте знаеле дека можете да се ослободите?

Постои додаток кој можете бесплатно да го инсталирате доколку користите „Google Chrome“ преку кој ќе ви биде овозможено да сокриете дека сте ја виделе пораката.

Се вика „Unseen for Facebook“, но напоменуваме дека можете да го користите само на Chrome.

Unseen for Facebook има висока оценка од 4,5, а има и преку 4000 позитивни рецензии.

„Многу ми смета што пријателите почнуваат да ми праќаат пораки веднаш штом се појавам на месинџер или додека сум на друг разговор. Заблагодарувајќи му се на овој додаток никој не знае дека сум ја видел пораката и можам да имам мир“, пишува еден задоволен корисник.

„Ова е најдобрата екстензија по мое мислење. Имам доволно драма во животот и без да морам да им одговарам на пријателите кои ќе се навредат бидејќи мислат дека ги игнорирам“, вели друг корисник.

Исто така, ако ја инсталирате оваа опција, другите корисници нема да видат дали сте достапни на мрежата и кога последен пат сте биле активни.

Постојат и други додатоци кои се фокусираат на бришење на известувања за порака, така што другите корисници не можат да видат дека сте ја добиле нивната порака. Една од нив се нарекува Delete All Messages for Facebook и се користи за бришење на секоја порака што некогаш сте ја испратиле, но и сите пораки што сте ги добиле, пишува Дејли Меил.