Македонскиот пејач за чиј настапи се бара билет повеќе, Тони Андреев им приреди вистинско изненадување на своите пријатели и фанови со новиот имиџ.

Имено, пејачот на „стори“ на својот Инстаграм профил сподели фотографии од популарниот фризерски салон „Ера“ во Штип, но успешно успеа да ја сокрие идејата за новиот имиџ, па повеќето помислија дека станува збор за редовно пострижување.

– Ми требаше промена. Во краток период снимив и објавив кавер-верзии на два големи хита од Теодора Џехверовиќ и Саша Ковачевиќ, па пред снимањето на спотот за мојата нова авторска песна одлучив да направам промена. Во изборот за новата боја на мојата коса ми помогна Андреј Миске и мислам дека одлично ми прилега, вели Андреев.

Додека чекаме да пристигне новата авторска песна, да се потсетиме на кавер-верзијата на хитот „Вуду“ кој Тони го сними со својата колешка Андријана Ани Петрушовска.