Покрај добро познатите бренд амбасадори, нов член пристигна во големото семејство на „Anti Aging Center by Promoitalia“.

Се работи за Сашо Димоски (доктор по драмски уметности), познат македонски писател и драмски уметник.

Димоски од своето деби во 2015 создал портфолио кое обединува преку педесет наслови изразени во прозни книги, драмско и балетско авторство, раскази, радио и ТВ-продукции, театролошки есеи и научни истражувања.

Неговата уметност била претставена на повеќе од триесет фестивали во регионот и пошироко, на кои дел од продукциите биле и наградени.

„Горди сме што Сашко ни ја довери грижата за себе и стана член на нашето големо семејство“, велат од познатиот центар Промоиталиа.