Македонскиот пејач и ексклузивец на најголемата српска продукција „Гранд“, Мартинијан Кириловски ја претстави својата нова песна која го носи насловот „Златокоса“.

– Станува збор за песна во брз летен ритам, која се надевам дека ќе ги освои срцата не само на македонската, туку и на балканската публика. Посакувам на сите песната „Златокоса“ и спотот да им го разубави денот, да ги разлади во овие топли летни денови, со што ќе остави трага како одличен летен хит, вели Кириловски.

За деновите поминати во изолација, пејачот ќе каже:

– Овој период на пандемија, живот во изолација, наметна свои непишани правила кои предизвикаа радикални промени во нашите навики, однесувањето, поглед кон нештата сè со цел да не го загрозиме нашето здравје но и здравјето на другите. Како и останатите, одговорно ги почитував мерките од надлежните, а во меѓувреме за да го оттргнам вниманието од лошите вести работев на нов музички проект, на дипломскиот труд и физичка активност колку што можеше да се импровизира тој период, вели Мартинијан.

Зад песната како автор на музиката и аранжманот се потпишува нашиот хит-мејкер Иле Спасев, додека текстот е дело на Даниела и Никола Хаџи-Тоневски. Улогата на златокоса убавица во спотот ја има нашиот прекрасен модел Елена Ѓорговска.