На овие брендови заедничко им е тоа што тие се кратки, со три слогови или помалку, како и лесното изговарање.

Ретко кој бренд има подлабоко значење во името, но овие покрај годините се стекнале со култен статус.

Овие имиња сигурно сме ги слушнале многу пати, па затоа можеби ни е незамисливо да ги нарекуваме поразлично.

Овие имиња ни се вкоренети, а тоа лесно се открива со фактот дека со тек на време започнуваме да ги нарекуваме производите по името на компанијата којашто ги произвела – како што е случајот со Колгејт, или компанијата која ја направи оваа паста за заби.

Еве што значат имињата на познатите компании:

Yahoo – Името на основачите на овој пребарувач е позајмено од племето од „Патувања на Гуливер“

Apple – Основачот Стив Џобс го именувал својот бренд по своето омилено овошје

Lego – комбинација од два дански збора коишто значат „игра и уживај“

Amazon – идејата е од најголемата река на светот, односно сопственикот Безос сакал неговата книжарница да биде голема колку и реката

Pepsi – дигестивен ензим пепсин

Adidas – овој бренд го носи името на основачот, Адолф Даслер, кого пријателите го нарекувале Ади.

Nike – име на грчката божица на победата

IKEA – светски познатиот бренд има име според првите букви од името на основачот Ингвар Кампрад и првите букви од имотот и селото каде што пораснал – Елматар и Агунарид

Google – Покрај долго размислување и анализа, еден студент од познатиот универзитет Стенфорд предложил да се вика „googolpex“, но крајното име дошло откако некој од студентите го напишал погрешно.

Rolex – Основачот на овој бренд сакал име коешто сите во светот би можеле да го кажат.