Писателката Исидора Бјелица денеска починала во Белград.

Според српските медиуми, смртта е потврдена од нејзината сестра, а писателката починала на 52 години, во станот на нејзините родители во Нов Белград.

Бјелица е родена на 10 декември 1967 година во Сараево. Освен по бестселерите, позната е и по шапките кои со текот на време станаа нејзин заштитен знак.

Во 2012 година и е дијагностициран рак поради кој и се отстранети двата јајника и матката. Болеста ја натерала да продаде околу 3.000 ретки книги со цел да го плати лечењето во странство. Иако во кревка здравствена состојба, Исидора била принудена да работи поради тоа што болеста неколку пати и се враќала.