Најдобриот центар во Македонија „Anti Aging Center by Promoitalia“ излезе со одговори на најпоставуваните прашања во врска со ласерското отстранување на тетоважи.

Во продолжение се за отстранување на тетоважите:

Кога тетоважата може да се отстрани со ласер?

  • Најраното отстранување на тетоважата може да биде една година после тетовирањето. Толку време е потребно за пигментот на кожата да се стабилизира.

На кој начин ласерот ја отстранува тетоважата?

  • Ласерскиот зрак, благодарение на специфичната бранова должина го погодува само пигментот не оштетувајќи го околното ткиво. Пигментот се распрснува во ситни честички кои ги ресорбира нашиот лимфен систем.

Колку третмани се потребни за ласерско отстранување на тетоважа?

  • Отстранувањето на тетоважа најчесто се изведува со 5-7 третмани во времетраење од 10 минути. Првиот третман дава најслаби резултати, бидејќи дерматологот го проценува пигментот на тетоважата и реакцијата на кожата и според тоа ја прилагодува силата на импулсот на ласерот.
  • Со секој нареден третман силината на импулсот се зголемува. Исклучително е важно третманот да го изведува дерматолог со искуство. Доколку се претера со јачината на импулсот може да дојде до трајно отстранување на пигментот на кожата кај третираната регија.

Дали третманот на ласерско отстранување на тетоважа е болен?

  • Ласерскиот импулс се мери во наносекунди. За тоа време ласерот развива температура од неколку стотини целзиусови степени, а посебно развиен систем за ладење ја лади кожата, така да при самиот третман пациентот може да почувствува само пецкање.
  • Кај повеќето пациенти не е потребна никаква анестезија, додека пак при осетливост на пациентите може да се користи локален крем анестетик.

Какво е чувството на кожата после третманот?

  • Третираната регија добива темно кафеава боја, благо отекува, постои чувство на пецкање во наредните 15-20 минути после третманот. За тоа време пациентот држи ладни облоги преку третираната регија. Подоцна во текот на денот останува чувство на топлина на третираното место.

Финалниот изглед на третираната регија се добива дури после 6 месеци од завршување на третманите.