Овен и Бик

Овновите живеат брзо и секогаш се зафатени. Не ги држи место, па затоа не им се јасни луѓето кои водат досадни и пасивни животи. Припадниците на овој знак се спонтани и учествуваат во секоја забава.

За среќа, Биковите имаат голема самодоверба, па така неколку навреди од страна на Овенот нема да им делуваат.

Биковите сакаат да уживаат во секој момент и максимално да го искористат, затоа пак не можат да сфатат зошто Овните секогаш мораат да бидат во чекор. Често им е иритантна живоста и активноста на овенот.

Јарец и Риби

Како реалист, Јарецот доведува во прашање се што не е логично или смислено: Кога ќе наиде на луѓе чија глава е секогаш во облаци, одбива да се носи со нив.

Сите кои се родени во знакот на Јарец не сакаат да трошат време на личности кои размислуваат поинаку од нив. Немаат никако време за Рибите, сонувачи и емотивци.

Сепак, само затоа што на Рибите главата често им е во облаци, не значи дека тие припадници не се уникатни. Тие попрво би го гледале светот на свој начин, отколку да бидат слични како Јарецот.

Нивната меѓусебна нетрпеливост потекнува од суштински различни карактерни особини.

Водолија и Близнаци

Близнаците најубаво успеваат кога се опкружени со своите пријатели и се забавуваат. За разлика од Водолиите, Близнаците ќе ја поминат целата ноќ надвор наместо да уживаат дома.

На Водолиите им е неопходно време за себе, па друштвото со знакот Близнаци може да е напорен за нив.

Близнаците не планираат однапред и многу се неодговорни, додека пак Водолијата може да се гордее со тоа што секогаш го исполнуваат своето ветување.

Овие два хороскопски знаци многу тешко можат да бидат пријатели, поради многу различниот начин на живот.

Лав и Девица

Лавовите се склони кон драма и во секоја ситуација се поставуваат себеси во центарот на внимание. Со своите напади на хистерија често прават непријатна атмосфера.

Девиците не можат да ја поднесат таа потреба за внимание, па затоа се трудат да ги избегнуваат личностите во овој знак. За разлика од Лавот, припадниците на овој знак сакаат да стојат подалеку од рефлектори и немаат голема потреба за поддршка од другите.

Можеби оваа особина не предизвикува неподносливост кај Девицата, но прилично ги нервира.