Во средината на мексиканскиот архипелаг Маријета се наоѓа место за заљубените, односно плажа на љубовта.

Иако островот е обликуван по вулканска активност, плажата е „родена“ после експлозии со бомби.

Скриената плажа Playa del Amor (Плажа на љубовта) не е толку скриена за да не можете да ја најдете, пренесува РТС.

Овој рај на заљубените се наоѓа на 1 час пловидба северозападно од местото Пуерто Ваљартам, а многу блиску до групата на ненаселени острови Маријета.

Последниве години, плажата станала многу интересна за романтичните љубители на авантуризмот, па затоа има се повеќе туристички агенции кои нудат излети до ова скриено гнездо.

Иако целиот архипелаг е формиран по дејство на подводен вулкан, оваа плажа настанала на поинаков начин – со бомбардирање!

Имено, во почетокот на 20 век не населениот остров е користен за војни тестови на мексиканската влада.

Бомбите, најверојатно, се причината за топографија на архипелагот, па и сокриената плажа.

Островот Маријета е прогласен за национален парк во 2005 година, со цел да се заштити подводниот живот во областа околу архипелагот, а опасности од бомби повеќе нема, пренесува РТС.