Деновиве низ социјалните медиуми се споделува видео од Тик Ток во кое младо момче се јавува во Брза помош и се „шегува“ со вработените.

Имено, на видеото момчето го повикува бројот 194, а потоа бара пожарна и вели дека „му гори“.

Ова видео наиде на многу негативни коментари низ социјалните мрежи.

Откако видеото доби значителна популарност, момчето го избриша, за подоцна да објави ново во кое се извинува и вели дека направил грешка, а потоа бара другите корисници да го „лајкнат“ видеото со цел да го видат повеќе луѓе.

@_iksvelok_

Znacii lugee naprav greska stvarno se izvinuvam likeneto go vidovo za d avidat poeke luge IZVINETE #foryou #foryoupage #fyp #fyr

♬ original sound – __kolevski