Ексклузивецот на „Гранд“ продукција и миленик на балканската публика, Ален Хасановиќ ја објави својата најнова песна насловена како „Leyla“ заедно со видеозапис.

Зад текстот, музиката и аранжманот се потпишува самиот Ален Хасановиќ, додека пак видеозаписот е снимен од продукцијата „АХ Медиа“ под режисерската палка на Армин Хасановиќ.

Според музиката најверојатно ова ќе биде новиот хит, кој ќе го слушаме насекаде по ТВ, радија и дискотеки.

Во спотот главна улога има преубавата Љупка Ристова од Кочани.

Во продолжение уживајте во најновиот хит: