Индискиот политичар Сухбир Синг Јаунапурија, кој се снимаше како седи во валкано езерце, намачкан со кал, тврдејќи дека тоа ќе ја спречи заразата со коронавирус, доби позитивни резултати на истиот тест.

„Излезете надвор, одете по дождот, седнете во кал, работете на фарма, јадете домашна храна, така се создава имунитет“, вели тој во видеото.

Јаунапурија е еден од 24 индиски политичари за кои на 14 септември е објавено дека се заразени со коронавирус.

Инаку, тој не е единствениот политичар кој имал необични идеи околу спречувањето на коронавирусот.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко на своите луѓе им порача дека возењето на трактор, пиење водка и сауната ќе ја спречат заразата, додека пак претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека носи амулети кои го штитат од болести. Индија има повеќе од пет милиони случаи со коронавирус, а починати се над 80.000 луѓе