Поради пандемија на коронавирус, воведени се бројни ограничувања, а ограничувањата на патувањето и преминувањето на границата секако се најтешки за зависниците од патување.

И додека многумина го одложуваат патувањето од страв од инфекција, инженерот Мајкл Хол дизајнираше кацига што ја нарече „Ер“ и за која верува дека може да ги замени хируршките маски во иднина и да им обезбеди на луѓето подобра заштита додека патуваат.

Тој ја претстави кацигата на веб-страницата на MicroClimate и објасни дека истата работи на прочистување на воздухот преку нејзиниот систем за вентилација, со употреба на специјални ХЕПА филтри, со што се елиминира секоја можност за инфекција со вирусот преку вдишување на воздух.

Хол додаде дека кацигата е идеална затоа што е добро поставена зад вратот, што, според него, може особено да ги задоволи оние кои носат очила и кои имаат многу замаглени очила.

Тој тврди дека луѓето ќе можат да зборуваат најнормално преку овие кациги и дека говорот ќе биде разбирлив, а додава дека работат и на тоа да постават на кацигата сламка преку која едно лице ќе може да јаде и пие без проблеми.

Кацигата во моментов се продава за 200 американски долари и доаѓа со чанта во која може да се чува и полнач. Батеријата на кацигата трае околу пет часа, а Хол истакна дека маската ќе може да се користи додека се полни.