Во серијалот на „Прашања и одговори“, кои ги организираат сопствениците на профилите @srekjnata_devojka2 и @zgodniot на Инстаграм, гостуваше атрактивниот македонски пејач Тони Андреев.

Андреев одговараше без влакна на јазикот, но кога прочита прашање во кое од него се бара да каже со која позната личност би сакал да се запознае доколку има можност, тој откри дека тоа е токму Антонија Шола.

– Ајде нека е Антонија Шола периодов, затоа што контактираме само на Инстаграм, кажа Андреев.