На листата на добитници на годишната награда „40 under 40“ се наоѓа и сопственикот и управител на Промоестетика, односно најдобриот центар во регионот – „Anti Aging Center by Promoitalia“.

Се работи за нашата добро позната бизнис жена и вистинска убавица – Олгица Стојимировиќ која вели дека секоја нејзина визија ја реализира затоа што визија без реализација е само халуцинација.

„Работев напорно да создадам силен стручен тим, да направам институција од брендот на овие простори на Балканот и да бидеме конкурентни со нашите партнери во поразвиените европски земји. Не секогаш само следењето на светските трендови во нашата област гарантира успех, нивното презентирање на пазарот како и прифаќање од клиентите е најважниот сегмент во оваа работа. Поради квалитетот на производите, медицинските уникатни уреди кои ги поседуваме, стручниот медицински тим и долгодишното позитивно искуство, ние ја имаме довербата кај клиентите и нашите производи и услуги се секогаш успешно прифатени“, истакнува Стојимировиќ.

За себе вели дека е човек кој не се откажува при пораз од една битка, односно дека се бори се додека не победи.

„И кога ќе победам јас сум постојано фокусирана и силна, затоа што силните умови инспирираат. Благодарна и почестена сум со номинацијата и наградата “40 под 40” за Југоисточна Европа“, додава Стојимировиќ.

Во продолжение целосната листа на добитници: