Додека Доналд Трамп беше во улога на претседател на САД, тој стана дедо на две внуци, неговиот најстар син се разведе, а медиумите го снимија и неговото однесување кон неговата ќерка од првиот брак.

Популарните, богати и привилегирани деца на американскиот претседател во последните години беа во фокусот на американската и светската јавност.

Династијата Трамп го заинтригира целиот свет откако Доналд Трамп, сегашен претседател на Америка, го збогати семејното богатство и наследството на неговиот татко Френк во 80-тите години на минатиот век.

Мегаломанските амбиции на Доналд Трамп им се познати на Американците со децении и тој не се обиде да ги сокрие. Уште повеќе, тој очајно сакал да биде на насловните страници, вешто сфаќајќи во старите денови колку е моќна слика и присуство на јавноста.

Иако тој не е првиот американски претседател кој има историја во индустријата за забава, тој е секако првиот кој и е познат на американската јавност преку формата на реални шоу-а и натпревари за убавина. Неговата животна приказна и семејните околности може да послужат како идеја за високо-буџетна сапуница – без сомнеж.

Империја на недвижнини, хотели и казина, пари, убави жени и семејство. Трамп често ја потенцира важноста на семејството и тоа го покажува преку одлуките што ги носи.

Неговите клучни соработници во деловниот и политичкиот пат се неговите деца, особено оние што ги добил во долгогодишниот брак со Ивана Трамп. Тие порано беа еден од најмоќните парови во високото друштво на Њујорк, а Доналд целосно и веруваше на својата сопруга.

Ивана, исто така, одигра поголема улога во градењето на империја во семејниот бизнис отколку што всушност била свесна јавноста. Трамп ја ценел, а фактот дека тие останале во добри односи и денес, и покрај разводот поради неговото изневерување, зборува за тоа. За време на бракот, тие ги имаат синовите Ерик и Доналд Р. Јуниор и ќерката Иванка.

Првата сопруга и денес неверојатно ја цени, а голема почит искажува и према нивните деца.

Во актерката на филмовите од Б продукција, Трамп се заљубил во крајот на 80-тите, па бракот со Ивана тука завршил. Тогаш се оженил со Марла Мејспл и со неа ја има ќерката Тифани. Откако под лоши околности се развеле, Мејплс за бракот со Доналд никогаш не прозборела. Причината за тоа, секако е и, договорот за доверба кој таа морала да го потпише пред венчавката.

Третата љубов ја пронашол во 1999 година, кога ја запознал словенската манекенка Меланија Кнавс. Таа станала негова сопруга во 2006 година, а животот во тајност и приватност во големиот апартман на врвот на „Tramp Tower“ во Њујорк тотално и одговарал.

Меланија наводно не била среќна поради неговиот влез во политиката, а загрижена била и за тоа како се ќе влијае врз нивниот син Барон, или најмладото дете на Трамп. Прашање на време е каква улога ќе има Барон во татковите деловни и политички авантури, покрај браќата и сестрите.

До сега веќе е потполно јасно каква улога и однос спрема децата на Доналд Трамп. Ќерката Иванка е негова миленичка, а во се ги вклучува и синовите Доналд Јуниот и Ерик, додека пак четвртото дете и втора ќерка Тифани ја држи на страна. Сепак, и таа редовно се појавува на предизборните собири поддржувајќи ги (барем јавно) татковите амбиции.

Зеницата на неговото око, ќерката Иванка, работи како негова советничка. Доналд првата ќерка ја смета за неверојатно способна и интелигентна, а толку се блиску што некои медиуми нивниот однос го прозиваат како непримерен. Иванка е покрај својот татко во се, а голема поддршка „црпи“ од сопственото семејство.

Имено, таа е веќе со години во среќен и стабилен брак со Џаред Кушнер, припадник на моќно њујоршко семејство, поради кое Иванка пред бракот се префрлила во јудизам. Во текот на бракот добиле три деца.

Најстариот син на Доналд и Ивана Трамп, Доналд Јуниор се развел околу 2018 година од сопругата Венеса, со која има пет деца, по 12 години брак.

„По 12 години брак одлучивме да тргнеме секој по својот пат. Секогаш многу ќе се почитуваме. Имаме пет прекрасни деца и они ќе ни бидат приоритет“, се огласиле во 2018 година.

Приватниот живот исполнет со неуспеси заврши, ќе речат некои, токму поради претседателскиот мандат на Трамп. Тоа било притисок што Венеса не можела да го поднесе.

Но, наскоро се појавила нова жена во животот на Доналд Јуниор која многумина ја гледале како причина за распадот на неговиот брак со Венера. Имено, тој веќе во 2019 година купи вила во близина на Њујорк, правејќи ја дом за него и неговата нова девојка – поранешната водителка на ТВ Фокс, Кимберли Гилфоил.

Девет години постарата, Кимберли има син од нејзиниот втор брак, а ако реши да ја легализира својата врска со Доналд, тоа ќе биде нејзина трета среќа.

Дотогаш таа совршено се вклопува во семејството Трамп, па ги поддржува претседателската битка и ангажманот на Доналд Трамо. Таа самата држела и жестоки говори за време на предизборните активности, справувајќи се со политичката игра многу подобро од првата сопруга на своето момче.

Но, таа не е единствена снаа која му помага на Трамп. Лара, сопругата на синот Ерик активно помага во кампањата.

Поранешната телевизиска продуцентка активно учествувала во кампањата на нејзиниот свекор, а откако Доналд победи на изборите во 2016 година, таа му се посвети на своето семејство и роди две деца, со што Доналд стана дедо на десет внуци.

На сето ова му претходеше среќна врска, а потоа и свадба со Ерик Трамп во 2014 година. Тие, како и остатокот од машкиот дел од семејството, се венчаа на имотот на Трамп во Палм Бич, Флорида. Колку се блиски децата на Доналд и Ивана Трамп, покажува и фактот дека кум на Ерик на свадбата бил неговиот брат Доналд, неговата сестра Иванка била деверуша, а нејзината ќерка Арабела фрлала цветни ливчиња. Со церемонијата претседаваше сопругот на Иванка, Џеред Кушнер. Трамп ја прифати многу добро и таа им возврати исто – преку лојален ангажман кон целата династија.

Тифани Трамп или како што ја нарекуваат медиумите „Другата“, со нејзиниот татко нема толку топол однос и доверба како нејзината сестра Иванка.

И таа, како нејзините браќа и сестри, учествуваше во предизборните кампањи каде зборувала во име на својот татко, но на, барем за Доналд, сигурни терени.

27-годишната адвокатка на Доналд тек сега ќе треба да му се докажува, а до тогаш ужива во животот на привилегирана младот. Времето го поминува на релација Њујорк-Лос Анџелес и патувајќи низ светот. Во среќна врска е со бизнисменот Мајкл Булос.

Најмладото дете на Доналд Трамп, 14-годишниот Барон, заштитен е од медиумите, колку што може да биде, со оглед на улогата што ја има неговиот славен татко. Заслугите за тоа секако и припаѓаат на првата дама, многу дискретната Меланија, која го научила својот син да зборува на нејзиниот мајчин јазик, словенскиот.