Со текот на времето, неминовно ќе приметиме дека нашата кожа не е веќе еластична и сјајна како во младоста.

Тоа се случува бидејќи со текот на времето се помалку во кожата имаме еластин и колаген, кој ја прават кожата затегната и во тој случај настануваат брчки.

Затоа, „Anti Aging Center by Promoitalia“ има ноемвриски промоции кои се вистинско освежување за целокупниот изглед.

Повеќе од една деценија, еден од исклучително популарните методи на подмладување што дава исклучителни резултати е третманот со сопствена крвна плазма или PRP терапија.

Иднината на подмладување и регенерација лежи во сопствената крв и масно ткиво. Нема ништо подобро и побезбедно од сопственото ткиво, затоа што на тој начин ги добиваме најдобрите резултати и природен изглед, без ризик од инфекција.

„Третманот на Дракула“ или „Вампирски третман“ се едни од имињата под кои е познат овој метод.

Што е PRP – Platelet rich plasma?

PRP е плазма богата со тромбоцити (крвни плочки). Тие се добиваат со центрифугирање на мала количина на крв од пациентот, а серумот што се вади и се инјектира во кожата е полн со тромбоцити (и до 4 пати повеќе отколку што е вообичаено во крвта).

Во така добиен серум се додаваат активни супстанци кои предизвикуваат тромбоцитите да пуштаат фактори на раст.

Факторите за раст на тромбоцитите стимулираат формирање на нов колаген и крвни садови, ја обновуваат и подобруваат оштетената кожа и ги забавуваат знаците на стареење.

Зошто е добар и за што служи PRP третманот во antiage медицината?

Се работи за 100 % природен третман.

Една од големите предности на оваа терапија е тоа што користи природна способност на организмот за да подобри и на природен начин да предизвика создавање на нова колагенска мрежа.

Служи за:

  • Подобрување на тенот и отстранување на уморниот изглед на лицето
  • Брза регенерација на кожата
  • Намалување на брчките
  • Враќање на еластичноста и сјајот на кожата
  • Забавување на стареењето на кожата
  • Подобрување на текстурата на кожата
  • Намалување на сите видови лузни и нерамнини од акни, операции.
  • Ревитализација на кожата на лицето и вратот
  • Раст на косата

Како изгледа PRP третманот?

По прегледот и разговорот, лекарот ќе земе мала количина од вашата крв, која се обработува во посебен уред со употреба на силна центрифугална сила.

На овој начин се извлекува крвна плазма богата со тромбоцити од крвта, односно серум кој потоа се инјектира во кожата со тенки игли, со помош на техниката за мезотерапија.

Во следните 7-10 дена, тромбоцитите ја извршуваат својата задача за подмладување и обновување на кожата, ослободувајќи ги факторите за раст. Ова ви дава поубав тен и боја на кожата, подобар тон и текстура.

Третманот трае околу 15 минути и тој е апсолутно безбеден, по што можете веднас да се вратите на вообичаените активности.

Колку третмани се потребни?

Во консултација со професионално лице, се проценуваат потребите на секој индивидуален клиент и се одредува најоптимален третман или комбинација на третмани.

Бројот на третмани не е ограничен бидејќи се користи сопствен крвен серум.

Во повеќето случаи, се препорачува постапката да се изведува 3-5 пати годишно, со паузи од 4-6 недели помеѓу третманите.

Првите резултати се забележуваат по околу 10 дена, а целосниот ефект по еден месец.

PRP терапијата често се комбинира и со други третмани со цел постигнување на подобри оптимални резултати, но затоа треба да се консултирате со професионалец.

За потсетување, во „Anti Aging Center by Promoitalia“ третманот се изведува од професионалци со високо искуство во наведената област.

Во месец ноември има промоција на PRP третманот, па така истиот третман само овој месец можете да го најдете по цена од:

  • Лице – 6000 денари (намалена цена од 13.000 денари)
  • Врат – 4000 денари (намалена цена од 8.000 денари)
  • Скалп – 4500 денари (намалена цена од 9.000 денари)

Затоа не се мислете, препуштете се во вештите раце на професионалците.

Контакт телефони за бесплатна консултација, како и закажување на термин:

  • 02 31 31 31 6
  • 071 477 774

Во продолжение целосната ноемвриска промоција на Промоиталиа: