Гитаристот на српската рок група Мирослав Миша Алексиќ денеска почина на 67-годишна возраст.

Тој беше на лекување од Ковид-19, во една од белградските болници, а откако му се влоши состојбата беше ставен на респиратор. 

Неговата ќерка Мина Алексиќ неодамна објави емотивен статус на социјалната мрежа Фејсбук.

“Мојот Миша се здоби со ковид и веќе 3ти ден е на апарати за дишење. Секој час е негова борба за живот како мојата и мајка ми за него. Миша би сакал сите наши драги луѓе да знаат кој е лавот и борецот. Би сакал сите да луѓето што го сакаат и го почитуваат како мајстор на рок овие денови се со нас и веруваат дека ќе победиме овој ***** Ковид. Сите мислевме дека е шега и до пред две недели седев со моето семејство на ручек и се смеевме како не сакаме да носиме маски и разговаравме каде да одиме на забава или ручек. Јас сега останав со двајцата родители во болница. Преплашена сум, но и храбро верувам во среќа и добра енергија. Ве молам, за Миша испратете најсилната енергија во универзумот и да биде што е можно побрзо на сцената со гитара! “, напиша Мина Алексиќ покрај заедничката фотографија со нејзиниот татко.

ФОТО: Н1