Рибиси, македонскиот музичар со руско потекло, ја објави својата најнова песна со наслов „Женска стој“ за која сними и видеозапис.

На песната како автор на текстот се потпишува самиот, додека музиката и аранжманот се дело на Кристијан Крстановски. Екранизацијата на песната е работена под режисерската палка на Никола Наумовски.

Рибиси вели дека е време за освежување на домашната естрада:

– Со години сум во музиката, но сега е моментот за промена и освежување на македонска сцена, вели Рибиси.

Рибиси има 27 години, а своите први чекори во музичките води ги прави уште на 8 години. Неговите проекти потсетуваат на стиловите кои со години во минатото ги негуваа Јован Јованов, Елвир Мекиќ и Врчак.