Колагенот е еден од најзастапните протеини во телото и е неопходен за успешно одржување на здрава ‘рскавица, лигаменти, тетиви, коска и кожа.

Заедно со мекиот кератин, тој е одговорен за силата на кожата и еластичноста, додека ги одржува и крвните садови, односно кога не би имале колаген, нашето тело буквално би се распаднало.

Колагенот и дава на кожата сила и издржливост, допринесува за младешкиот и здрав изглед на кожата.

Но, дали некогаш сте размислувале како се троши колагенот во нашето тело со текот на годините?

Имено, еден од најдобрите центри во регионот „Anti Aging Center by Promoitalia“ преку кратко видео покажува колку нашето тело губи колаген во текот на годините.