Откако мистериозните сребрени монолити почнаа да се појавуваат во земјите низ целиот свет, во рурална Колумбија се појави златен монолит!

Првиот монолит се појави во пустината Јута кон крајот на ноември, а наскоро и другите почнаа да се појавуваат во Калифорнија, Романија и на Островот Вајт во Велика Британија.

И додека првите четири монолити беа сребрени, петтиот во Колумбија е златен, а локалното население се прашува дали тоа може да биде „главниот монолит“.

Во исто време, се појави уште еден монолит во Холандија.

И додека потеклото на монолитите е сè уште непознато, заедницата на уметници „The Most Famous Artist“ ја презеде одговорноста за создавањето на овие монолити, но тие тврдат дека тие не ги создале сите монолити, туку само три.

Мистеријата продолжува …