Според сомелиерот и основач на клубот „Harper’s & Lucky“, Кристофер Хоел, најлошото нешто што можете да направите е да отворите шише вино затоа што сакате да испиете чаша, две и потоа да го оставите отворено.

Виното на тој начин се расипува, па тој открива неколку практични совети кои можат да ви се најдат во вакви ситуации со цел да ја зачуваат свежината и вкусот, пишува Real Simple.

„Виното се расипува поради кислородот што доаѓа во контакт со него кога ќе го отвориме шишето“, вели Хоел, објаснувајќи дека кислородот е клучен во процесот на ферментација. Може да ги подобри вкусовите и аромите откако виното ќе се отвори, но премногу изложеност на кислород може да го претвори виното во оцет.

Еве што вели со цел виното што подолго да остане свежи по отворање.

Секогаш држете го затворено отвореното вино:

Ако знаете дека нема да го завршите шишето, држете го затворено. Според Хоел, шишето треба да се затвори веднаш откако ќе ставите во чаша бидејќи тоа ќе го ограничи количеството кислород што доаѓа во контакт со виното.

Чувајте го шишето исправено:

Ако е можно, избегнувајте положено складирано вино бидејќи штом шишето е веќе отворено, исправената положба помага да се забави процесот на оксидација.

Секогаш имајте неколку помали шишиња за вино (375 мл)

Кислородот, забележува Хоел, не е единствениот фактор што може да го уништи виното, важни се светлината и температурните фактори, па затоа тој советува да се чува отворено шише вино далеку од дневната светлина и да се чува под собна температура.

Фрижидерот е најдоброто место за чување на отворено вино затоа што студот го забавува процесот на оксидација, бидејќи при пониски температури молекулите полека се движат – објасни тој.

Ова важи и за црвено и за бело вино, но само за отворени шишиња – не се препорачува да се чува вино долго време во фрижидер.

Набавете конзерватор или вакуумска пумпа

Сомелиерот вели дека за повеќето луѓе е доволно да се набави вакуумска пумпа за вино за лични потреби, која може да се купи ефтино, а работи со отстранување на вишокот гасови од отворено шише.

За околу 500 денари можете да најдете квалитетна вакуумска пумпа што ќе го продолжи векот на траење на отвореното шише за неколку дена – рече Хоел.

Како ќе знаеме дали отворено вино се расипало?

Ако некогаш сте оставиле чаша вино преку ноќ, запознаени сте со слаткиот и малку оцетен мирис на вино што веќе не е добар. Сепак, за вината што се правилно складирани, знаците може да бидат посуптилни.

Според Хоел, кога ќе отстои брзо ќе почне да ја менува бојата и вкусот, а аромите ќе се интензивираат поради кислородот. Исто така, црвените вина ќе почнат да потемнуваат до кафеави и циглести тонови, додека белите ќе станат пожолтени. Покрај тоа, за црвените вина, свежите ноти ќе бидат заменети со „оревчето“, а белото ќе развие кисел вкус налик оцет.

Дури и ако ги направите сите горенаведени чекори, виното во отворено шише може да биде добро најмногу три до пет дена; после тоа, се разбира, можете да го користите во кујната, кога подготвувате разни чорби, сосови или маринади – рече сомелиерот за Real Simple.