Култниот филм, кој се емитуваше на телевизија низ целиот свет со децении пред Божиќ, годинава слави 30-годишен јубилеј.

Божиќната комедија од 1990 година е легенда, како и момчето Кевин кој го игра Меколеј Калкин (сега 40 години) и несреќните провалници Марв и Хари, играни од Даниел Стерн и Џо Пеши (сега 63 и 77).

Најсмешниот дел од филмот за повеќето се стапиците што Кевин ги поставува околу станот за да запре провалници, вжарена квака, врело железо, кофа со боја се само дел од „оружјето“ што Кевин го користи во филмот за тортура на провалници кои после секоја повреда, како цртаниот филм со којот и тркачка птица, за чудо закрепнуваа.

Но, во реалниот живот Кевин веројатно би ги убил крадците. Популарниот Youtube канал „Vsauce“ уште пред неколку години објави видео во кое направиле експерименти врз основа на неколку мамки на Кевин во филмот, а лекарот Сајан Сент Клер од медицинскиот факултет Вил Корнел детално опишува за The Week што би се случило со провалниците доколку тие во реалниот живот претрпеа таков вид на повреди што им ги нанесе Кевин.

Во продолжение ви откриваме што би се случило со провалниците во реалниот живот:

  • Вжарена квака

Кваката во филмот станува малку црвена, што значи дека металот се загреал на најмалку 400 степени Целзиусови. Од „Vsauce“ направија експеримент и со грејач за скара што го користел Кевин во филмот, кваката не ни можеле приближно да ја загрејат.

Дури со пламеник со пиезо запалка успеале да ја вжарат кваката од внатрешната страна, но надворешната страна не била ни приближно толку топла. Наместо тоа вратата се запалила.

Сепак, провалниците во реалниот живот да допрат квака загреана на 400 степени би добиле тешки изгореници кои веројатно не би биле опасни по живот, но можни компликации се инфекција на раната и трајно оштетување на некои од функциите на раката.

  • Канта боја во глава

Кантата со боја која Кевин ја користеше за да ги погоди двата провалника тешка е околу 6 килограми и патувала со брзина околу 30 км/час. При таа брзина се развива енергија која е доволна да скрши нос, а можеби и черепот на погодената личност.

Исто така, можна е фрактура на вратниот рбет. Vsauche направил текст на балистичка кука и таа се здобила со „повреди“ од кои вистинскиот човек би починал на лице место.

  • Удар со „шипка“

Во една сцена голем пајак завршува на прстите на едниот провалник, додека пак другиот пробува да го убие со железна шипка со тежина од околу 2 килограми. Притоа со цела сила го удира својот колега.

Vsauce на балистичка кукла направил проба, а резултатот е седум скршени ребра и дупнати бели дробови и срце. Со овие повреди, без помош на лекар, едно лице би починало.

  • Куршум од воздушна пушка во чело

Кевин од непосредна брзина го погодува провалникот Марв во чело со метак од воздушна пушка. Метакот од таква пушка патува со брзина од околу 100 метри во секунда. Веројатно би ја пробил кожата на челото на провалникот, но не би го пробил и черепот.

Резултатот би бил јака болка и само малку крварење.,

  • Пегла во лице

Во една сцена Кевин фрла загреана пегла од првиот кат во отворот за отпад и го погодува провалникот Марв, кој се наоѓа во подрумот, во лица. Висината од која Кевин ја фрла пеглата е отприлика 4,5 метри, а тежината е два килограми.

Притоа пеглата би развила толкава брзина што со леснотија би го скршила черепот околу очите. Ваквата фрактура може да биде опасна по живот, а доколку не се третира на време може да доведе и до трајно изобличување на лицето и проблеми со видот.

  • Запалена коса/скалп

Откако не успеал низ предниот дел, Хари влегува во куќата преку задниот дел, но веднаш активира друга стапица, летачка ламба од која голем пламен го зафаќа неговиот скалп. Да се ​​оддалечеше провалникот веднаш ќе имаше изгореници од втор степен, што не е премногу опасно.

Но, тој запрепастено стои под ламбата скоро седум секунди. За тоа време, тој би претрпел потенцијални фатални повреди во реалниот живот. Неговата кожа и череп би биле толку оштетени што би требало да се реконструира черепот и да се пресади кожата.

  • Стакло во нозе

На многумина им е посебно смешна сцената во која Марв оди босоног и застанува на многу стаклени украси за бор. Лекарот Сајан Сент Клер тоа го коментира како прилично бенигна повреда во споредба со сето друго што им се случило на овие два провалника.

На крај, заклучокот во филмот „Сам дома“ е дека Кевин на крадците би им нанел доволно повреди да „неколку пати ги усмрти“, а без лекарска помош веројатно би починале и во првите 30 минути од филмот.

Инаку, на снимањето се случила и една вистинска, но не пресериозна повреда.

Актерот Даниел Стерн, односно ликот Марв кој филмот добива најмногу „боксови“, на снимањето си го раскрварил носот. Тоа се случило кога тој ја вадел главата од вратата на кучето, за време на снимањето на сцената во која Кевин со цевка го удрил во челото.