Во бројните акции за помош на жртвите во потресот се вклучија и оние најмалите.

Доказ за тоа е и фотографијата која настанала пред неколку дена во Сплит, а прикажува дете кое на импровизиран штанд ги продава своите играчки со цел да донира пари за луѓето од Петриња.

Хрватските медиуми дознаваат дека се работи за малиот Лео кој има само пет години.

Неговиот мал штанд гласи: „Ние ќе го удвоиме вкупниот приход и ќе го донираме на Црвениот крст за да и помогнеме на Петриња“.

Фотографија од најмалите се појави и на Фејсбук страницата Фудбал њуз, каде предизвика голем ентузијазам и воодушевување.