За време на Божиќните празници, имавме можност да искористиме телескопи или двогледи за да набудуваме редок астрономски феномен – порамнување (спој) на Јупитер и Сатурн, но ова не е единствениот таков феномен на кој можеме да бидеме сведоци овие денови на ноќното небо.

На пример, вселенскиот телескоп Хабл неодамна сними сцена која го одзема здивот – ефект на гравитациона леќа што е совршен пример за прстен на Ајнштајн.

Снимка за овој феномен е објавена пред околу десетина дена. Неговото официјално име е GAL-CLUS-022058s, но го доби прекарот „стопен прстен“.

Овој прекар е инспириран од два факти, локацијата на ефектот, но и од фактот дека тој навистина личи на стопен метален прстен. Имено, на сликата е прикажано јужното соѕвездие Хемиска печка во која светлината на екстремно далечна галаксија витка многу поблизок кластер на галаксии, пишува Универзум денес, и пренесува Индекс.

Феномен поради кој можеме да видиме предмети невидливи за нас

Една од предностите на гравитационата леќа е што овој феномен им овозможува на научниците подобро да ги проучуваат далечните галаксии, кои инаку би биле невидливи за нас. Поблиските масивни галаксии го искривуваат временско-просторниот континуитет според нивната гравитација и на тој начин ги свиткуваат патеките на светлината слично како што прават леќите. На овој начин, тие делуваат како природни космички телескопи.

Во овој случај, гравитацијата на кластерот на галаксии ја искривувала светлината на далечната позадина галаксија и ја претворила во кривина, односно ја зголемила својата слика и ја истегнала во скоро совршен прстен. GAL-CLUS-022058s е најголемиот и еден од најцелосните прстени на Ајнштајн откриени во нашиот универзум, пишува НАСА.

Ајнштајн претпоставил постоење на такви гравитациони леќи во рамките на неговата општа теорија на релативитет. Објекти како овие се идеални за проучување на галаксии кои честопати се премногу слаби и далечни за да се видат без овој ефект.