Главната функција на меката тастатура е гласовното пишување, а сега таа вклучува и т.н. „Voice Launcher“, јавуваат WindowsLatest, кој ќе започне да се појавува во секој текст-бокс каде постои Windows Search API, како File Explorer, апликација за Подесувања и Старт менито.

Функцијата, исто така, може да се повика и преку Windows раскажувачот со присискање на „Win+H“.

Мајкрософт се надева дека со појавување на рамка за гласовно диктирање, корисниците ќе имаат поголема веројатност да изберат да ја користат таа одлика.

Од компанијата тоа вака го образложуваат: „Вашата секојдневна употреба на гласовен внес би можела да ја направи говорната технологија на Микрософт што поточна, за сите кои го зборуваат вашиот јазик. Ако одлучите да додадете свои гласовни клипови, некој од нив ќе бидат прегледани од вработените и продавачите во Микрософт.“

Оваа опција е достапна и за корисниците на програмата Микрософт инсајдер во следните региони:

  • Англиски: САД, Велика Британија, Канада, Австралија и Индија.
  • Француски: Франција и Канада
  • Португалски: Бразил
  • Шпански, германски, италијански, јапонски и кинески

Се разбира, секогаш е можно ова да се исклучи во поставките. Оваа одлика ќе дојде на сите компјутери со ажурирање на Виндоус 10 октомври 2021 година.