Како што веројатно сте слушнале досега, апликацијата WhatsApp имала намера да ги промени условите за користење со кои би започнала да разменува податоци со компанијата Facebook.

Ваквата одлука предизвика контраефект, поради што голем број корисници на оваа апликација „се префрлија“ на други апликации како што се Viber, Telegram и Signal.

Иако таа компанија одлучи да ги одложи условите за употреба кои допрва ќе стапат на сила, штетата е веќе направена! Дека се „застрелале во ногата“ покажува и фактот дека апликацијата за преписка „Сигнал“ веќе неколку дена е на врвот на најсимнуваната апликација, како во продавницата Google Play, така и во продавницата AppStore.

Верувале или не, еден од најголемите пазари во светот на технологијата е Индија, поради што Фејсбук мораше да реагира, и ги купи насловните страници на локалните весници, за да напише преку насловната страница дека „WhatsApp ја почитува приватноста и безбедноста на корисниците“, но исто така дека истото е „кодирано во нивната ДНК“. Неверојатно, нели?

Тие се обидоа да им објаснат на корисниците што всушност носат ваквите промени.

Од две милијарди корисници на апликацијата WhatsApp, повеќе од 400 милиони живеат во Индија и не е изненадувачки фактот што Фејсбук издвои повеќе од десет милиони рупии или повеќе од 110.000 евра за кампања за санирање на штетите.

Во Индија имало зголемување на преземањето на апликацијата Сигнал, во периодот од 5 до 12 јануари, таа апликација била преземена повеќе од 7 милиони пати, додека претходниот ден била преземена само 15 000 пати. А апликацијата Телеграм порасна за 40%, додека WhatsApp падна за 30% во тој период.

Бидејќи новите услови за употреба се одложени во овој момент само поради негативната реакција на корисниците, останува да видиме дали WhatsApp ќе продолжи да биде апликација за преписка со најмногу корисници.