Во рускиот регион Јакутија, кој се смета за најстудено место за живеење на планетата, температурите повторно достигнаа исклучително голем минус: 47 степени Целзиусови под нулата.

Јакутија е најголемиот субјект на Руската Федерација по територија. Сместена е во североисточниот дел на евроазискиот континент.

Повеќе од 40 проценти од територијата на републиката стои зад Арктичкиот круг. Вкупната површина на арктичката територија на републиката е скоро 1,6 милиони квадратни километри, што е околу 52 проценти од територијата.