После 15 години од оригиналната изведба на Тетово Фолк Фест, песната „Распукај срце ко Шар планина“ од Наум Петрески доби кавер-верзија од талентираниот Христијан Тришоски.

Покрај Христијан како вокал, во преработката на оваа преубава песна своја улога имаат и врвните музичари Бојан Кузманоски (клавијатура), Даниел Божиноски (кларинет), Филип Михајлоски (канон).

Видеото го сними Александар Тришоски во кичевскиот локал „Република“.

Во продолжение слушнете ја изведбата на нашиот талентиран Христијан Тришоски.