Потпретседателката на САД Камала Харис (56) неколку пати покажа препознатлив стајлинг откако влезе во Белата куќа, појавувајќи се во различни изданија на облека, а покрај тоа, на инаугурацијата, го покажа и ѓерданот во вредност од 20.000 фунти (близу 23.000 евра), објави британски Дејли.експрес.

Ѓерданчето е направено од низа бисери на златен ланец, а го направил Вилфредо Росадо.

„Креирање историја. Чест ни е што потпретседателот на САД го носеше ѓерданот В.Росадо за време на инаугурацијата како Прва дама потпретседател на САД“, рече Росадо.

Таа и порано носела бисери за време на голем број важни настани низ годините, а според информациите, ги избрала уште откако дипломирала.

Нејзиниот ѓердан на инаугурацијата се верува дека го претставува нејзиното сестринство на Универзитетот „Хауард“, Алфа Капа Алфа, првото афро-американско сестринство во земјата.