Уште пред да стане претседател на САД пред четири години, се шпекулираше дека Доналд Трамп ќе биде најбогатиот човек што седи во Овалната соба. Веб-страница 24/7 Wall St. неговото богатство го проценува на околу 3,1 милијарди долари, што го прави Трамп далеку пред „конкуренцијата“.

Сепак, другите претседатели на САД не биле сиромашни. Веб-страница 24/7 Wall St. направи интересна споредба – со претворање на богатството на сите претседатели на САД во историјата во долари колку што вредат во 2020 година, составена е листа на најбогати американски претседатели.

10. Бил Клинтон – 42. претседател на САД (1993-2001)

Богатство: 75,9 милиони долари

Извор на богатство: Клинтон всушност се збогатил откако престанал да биде претседател. Тој заработил милиони од неговата автобиографија „Мојот живот“, а дел од богатството дојде и од неговата сопруга Хилари и нејзините мемоари „Тежок избор“. И тој и таа заработуваат многу како говорници.

9. Херберт Хувер – 31. претседател на САД (1929-1933)

Богатство: 83 милиони долари

Извор на богатство: Хувер е вистински „милионер од кал“. Растејќи како сирак, тој дипломирал на Универзитетот Стенфорд и работел како рударски инженер пред да влезе во политиката. Купил неколку рудници во кои подоцна било најдено сребро и тоа го направило богат.

8. Линдон Џонсон – 36 претседател на САД (1963-1969)

Богатство: 109, 3 милиони долари

Извор на богатство: Џонсон бил млад, амбициозен и сиромашен човек се додека не се оженил со Клаудија Тејлор, една од најбогатите жени во тоа време. Тие заедно создале империја во Тексас, но најголемиот дел од парите биле од радио станица сопственост на госпоѓа Тејлор.

7. Џејмс Медисон – 4. претседател на САД (1809-1817)

Богатство: 113,3 милиони долари

Извор на богатство: Родителите на Медисон биле екстремно богати плантажери и тој го наследил семејниот бизнис. Пред крајот на животот бил во долгови поради лошите инвестиции и порочниот живот на неговиот посвоен син.

6. Ендру Џексон – 7. претседател на САД (1829-1837)

Богатство: 132,6 милиони долари

Извор на богатство: Џексон е еден од ретките американски претседатели кои всушност се родени сиромашни. Богатството го стекнал со работа како адвокат и со брак. Тој наследил огромни пари од неговата сопруга Рејчел, која почина непосредно пред да стане претседател.

5. Теодор Рузвелт – 26 претседател на САД (1901-1909)

Богатство: 139,7 милиони долари

Извор на богатство: Тој го наследил скоро целото свое богатство. Цел живот бил во јавна служба и се верува дека не заработил многу во тоа. Удобниот живот го овозможило неговото семејно богатство.

4. Томас Џеферсон – 3 претседател на САД (1801-1809)

Богатство: 236,8 милиони долари

Извор на богатство: Пред да влезе во политиката, Џеферсон беше богат земјопоседник и поседуваше голем број фарми. Сепак, интересно е што тој починал како должник затоа што живеел разуздан живот и над неговите можности.

3. Џорџ Вашингтон 1. претседател на САД (1789 – 1797)

Богатство: 587 милиони долари

Извор на богатство: Најголем дел од богатството го наследил од полубратот, но се збогатил и како генерал и подоцна како политичар.

2. Џон Ф. Кенеди – 35. претседател на САД (1961 – 1963)

Богатство: 1,1 милијарда долари

Извор на богатство: Богатството на Џон Кенеди е незгодно за вакви проценки бидејќи поголемиот дел е наследство. Кенеди е роден во многу моќно семејство кое е богато со генерации.

  1. Доланд Трамп 45. претседател на САД (2017 – 2021)

Богатство: 3,1 милијарди долари

Извор на богатство: И Трамп бил „роден во свила и кадифе“. Се проценува дека тој, покрај бизнисот со недвижнини, од татко му наследил 413 милиони долари, а после тоа ја умножил таа сума. Во споредба со него, неговиот противник на изборите, Џо Бајден, чие богатство Форбс го проценува на „само“ 9 милиони долари, изгледа како обичен сиромашен човек, заклучува историскиот забавувач.