Во услови кога вестите за тешките последици од пандемијата предизвикана од корона-вирусот и неопходната имунизацијата која стартуваше и во нашата земја не бомбардираат од сите информативни гласила, хуманоста на човештвото е она што најмногу ни ги стоплува срцата.

Последниот доказ дека човечноста се уште постои ни доаѓа од медицинско лице вработено во битолска болница кое иако не било во негов домен на работни обврски, направило напор да се скрати времето на чекање за интервенција кај детенце откако случајно му бил дијагностициран проблем на грлото.

– Сакам да се заблагодарам до медицинското лице од битолската болница кое веднаш ни укажа грижа и ни помогна полесно да ги поминеме сите потребни процедури за побрзо да се изведе потребната интервенција кај нашиот син. Поминавме повеќе болници, но токму тука најдовме на најголемо разбирање и максимална професионалност. Упатувам апел до сите наши сограѓаните да имаат разбирање и почит за сите здравствени лица кои несебично го жртвуваат својот живот за да ни помогнат, ни напиша наша читателка која инсистираше на анонимност.

Позитивните примери на хуманост се важни се промена кон подобро на секое општество, затоа секогаш можете – помогнете!