Дека и во Македонија може да се подготвуваат светски кампањи докажува богатото портфолио на изработени проекти со кои може да се пофали нашиот врвен фотограф Иван Наунов.

Имено, уметничките фотографии со висока естетска вредност кои ги изработува Наунов често може да се видат во реномирани списанија, но и како дел од глобалните рекламни кампањи на големи светски брендови.

Неговата работа се почесто излегува од границите на нашата земја и од ден во ден се зголемува бројот на премиум клиенти со кои соработува.

Последна во низата кампањи е галеријата фотографии кои се изработени за светскиот бренд „Schweppes“.

Прикажан е новиот производ Портокал со вкус на цвет од портокал без додаден шеќер.

Погледнете повеќе фотографии на неговиот Инстаграм профил.