Младиот и талентиран пејач од Кичево, Тоше Анѓелески направи преработка на големиот хит „Кафана на балкану“.

Анѓелески вели дека сака да ја почести публиката која е лишена од живи настапи поради светската пандемија предизвикана од новиот корона-вирус, а за наредниот период најавува уште неколку проекти на кои работи со полна пареа.

Зад преработката на „Кафана на балкану“ свој придонес имаат и Антонио Пејоски (видео) и Методија Столески (аудио).

Во овој проект беа вклучени и познати имиња од естрадата како Антонио Пејоски кој работеше на видеото, Методија Столески на аудио материјалот.