Жарко Донински е фитнес тренер кој со оваа своја активност, а денес и работа, се занимава од својата 17-та година.

Жаре низ годините своите успеси ги бележи на Куп на Македонија во 2017. година со четврто место во категорија „физик“, а следната 2018. година на истиот натпревар го освојува првото место. Со оглед на тоа дека тој се занимава и со атлетика, истата година е носител на титулата трето место како Атлета на Македонија.

Тој е вистинскиот избор доколку сакате да работите на трансформација на вашето тело затоа што верува во своите способности да биде ментор и учител на одреден карактер кој што има потреба од помош во градење на добри навики, а со тоа и фитнес цели. На неговиот профил на Инстаграм може да дознаете повеќе за услугите кои ги нуди како приватен фитнес тренер.

Жаре Донински е ангажиран и во повеќе промотивни кампањи како фотомодел, а работи како тренер на полуперсонални лични тренинзи во Фитнес Клуб Фит.

Во интервју за порталот ТВ Пакет, Донински раскажува за времето кое го одвојува за вежбање, рутините во текот на еден ден, исхраната… Кликнете ТУКА и дознајте повеќе за него.