Зборот масажа потекнува од арапскиот збор „massa“ што во превод значи допир, што всушност е основата на секоја масажа која дава сигурност, топлина, задоволство и ја враќа животната енергија.
Масажата има корисен ефект врз нашиот ум и тело, ја зголемува еластичноста, ја стимулира регенерацијата на кожата, ја подобрува и забрзува циркулацијата и целосно ги релаксира мускулите.
Исто така, масажата има и позитивен ефект врз метаболизмот, ја враќа нарушената рамнотежа на хормоните, ја подобрува оксигенација на ткивата и има благопријатен ефект врз нервниот систем.
Затоа Идол.мк топло ви го препорачува центарот „Anti Aging Center by Promoitalia“ каде нудат повеќе видови на масажа, а нашиот избор денеска е релакс масажа:
Оваа масажа е наменета за сите кои малку се движат, долго седат или стојат. Благодарение на оваа масажа, циркулацијата на крвта и лимфата ќе се подобри. Ќе предизвика подобро снабдување со кислород, затоа штетните материи побрзо ќе се отстранат од телото.
Пријатна масажа која има бројни позитивни дејства:
- Ги опушта мускулите
- Го доведува организмот во природен баланс
- Ослободува од болки во мускулите и зглобовите
- Го зголемува имунитетот на организмот
- Предзвикува позитивно расположение и смиреност
- Го подобрува тонусот на мускулите
Целта на оваа масажа е да се подигне општата здравствена состојба. Доколку чувствувате замор или напнатост во мускулите, релакс масажата ќе ви помогне во отстранување на овие тегоби
Затоа повеќе не се мислете и препуштете се во рацете на вистинските професионалци од Промоиталиа.
Броевите за закажување на термин или консултација се: 02/3131316 или на 071/477774.
Во продолжение целата мартовска промоција на Промоиталиа:
