Деновиве во Битола се отвори „NutriFit Shop“, специјализирана продавница за суплементи (додатоци во исхраната), здрава храна, опрема за фитнес и боречки спортови од најдобрите светски брендови.

Отворањето на продавницата не инспирираше да поразговараме со сопственикот Горан Тромбев кој е дипломиран инженер технолог нутриционист, а воедно и успешен фитнес тренер.

Не можевме, а да не прашаме од каде е идејата сред најголемата светска пандемија да се отвори токму ваква продавница во Битола?

– Со оглед на тоа што веќе 12 години активно сум во фитнес индустријата, не само рекреативно туку и професионално, а суплементите се неопходен дел за таков начин на живот, веќе повеќе години консумирам и сум во тек со пазарот на суплементи во Македонија. Таква желба и замисла да отворам своја продавница за суплементи добив уште пред неколку години, но имав за цел прво да го завршам технолошко-техничкиот факултет со насока нутриционизам, па така и како дипломиран нутриционист да го започнам својот бизнис. Дипломирав минатата 2020 година, по што исто така имаше „бран“ на корона вирусот, па се решив да почекам и полека да се припремам за оваа година конечно да ја реализирам мојата желба. Така и направив, свесен дека кризата не е се уште завршена, но сепак таа нема вечно да трае. Верувам во моите способности, во производите и квалитетот кој го нудам, и сум сигурен дека клиентите ќе бидат задоволни, така да убеден сум дека ќе успејам и покрај овие мали препреки, имајќи во предвид дека луѓето се сѐ повеќе информирани околу суплементацијата и имаат желба да се хранат здраво, да тренираат и да имаат здрав начин на живот.

Прашавме и во што е посебна оваа продавница, кои се нејзините предности и што нуди повеќе од останатите на пазарот.

– Производите што ги нуди Нутри Фит се од врвен квалитет, производи зад кои стојат светски познатите имиња во боди билдингот, меѓу кои Kevin Levrone, Dorian Yates, Ronnie Coleman. Тоа се најголемите легенди во овој спорт. Тие производи се релативно нови на нашиот пазар, па сигурен сум дека голем дел од луѓето ќе сакаат да ги пробаат и да се уверат во квалитетот кој го нудиме. Тука секако се и останатите светски познати брендови како FA Nutrition, Applied Nutrition, Optimum Nutrition, Swedish Supplements, кои не беа многу застапени низ продавниците низ Македонија. Сите производи кои ги нуди Нутри Фит се оригинални и автентични, произведени под сите најсовремени стандарди.

Горан ни откри ги откри своите омилени брендови и со нас ја сподели својата тајна за совршен изглед во секој период од годината.

– Зависно од фазата и моменталната фитнес цел, спрема тоа се избираат и кои видови на суплементи ќе се користат во тој период. На пример во период кога сакам да го намалам процентот на телесни масти и да постигнам дефиниран изглед за на натпревар, избирам суплементи како што се WHEY протеин, аминокиселини (меѓу кои најмногу БЦАА и глутамин, а секако и есенцијалните аминокиселини), топачи на масти како што е Л-Карнитинот, ЦЛА, витамини и минерали. Кога сум во период на покачување на телесната тежина и градење на чиста мускулна маса, користам WHEY протеин, креатин, есенцијални аминокиселини, витамини и минерали. Кога сакам да извлечам максимум од моите тренинзи користам pre-workout производи непосредно пред тренингот, меѓу кои би ги издвоил BLOOD AND GUTS од Dorian Yates и SHABOOM PUMP од Kevin Levrone, кои овозможуваат максимален фокус, енергија и напумпаност за време на тренингот. Kevin Levrone, Dorian Yates, FA Nutrition, Applied се брендови кои најчесто ги користам.

Вашите омилени производи можете да ги набавите во продавницата лоцирана на адреса Баталјон Стив Наумов 2/7 како и преку онлајн страницата www.nutrifit.mk

Не заборавајте да ги посетите и на Фејсбук и Инстаграм каде исто така ќе најдете корисни совети и препораки.