Менаџментот на најголемата српска продукција „Гранд“ која стои зад најгледаното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ ги отвори вратите за нови ѕвезди кои силно ќе зачекорат на големата сцена.

Во новата сезона „2021/2022“ која се емитува на најгледаните телевизии во регионот (Канал 5 во Македонија, Прва во Србија и Нова БХ во Босна и Херцеговина) предност ќе имаат новите лица кои за прв пат ќе се пријават за учество во шоуто.

КАКО ДА СЕ ПРИЈАВИТЕ?

Кликнете на https://zvezdegranda.online/ и притиснете на копчето „пријава“, а потоа внимателно пополнете ги потребните информации и следете ги инструкциите на сајтот.