Србија ќе распише конкурс за идејно решение за изградба на споменик на познатата пејачка Ејми Вајнхаус.

Местото на споменикот ќе биде на местото каде таа го одржа својот последен концерт.

Ова на својот официјален Фејсбук профил го објави заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.

„Се надевам дека следната година во ова време, Белград ќе има модерна скулптура каде што Ејми го одржа последниот концерт“, напишал Весиќ.

Пред точно 10 години, поточно во ноќта меѓу 18 и 19 јуни, познатата англиска кантавторка Ејми Вајнхаус го одржа својот последен концерт во кариерата, а набрзо после тоа почина.

Истрагата за причината на нејзината смрт покажала дека починала од случајно труење со алкохол. Таа почина на 23 јули 2011 година во 27-та година од животот.