Тимот на „Anti Aging Center by Promoitalia“ секогаш ги следи сите технолошки како и дерматолошки естетски иновации, па затоа тие повторно се најдоа на светски настан, овој пат во Дубаи.

Станува збор за уникатен настан со над 8.000 учесници, 600 изложувачи, 200 предавачи од повеќе од 100 земји, кој им овозможува на учесниците да го зголемат и надградат своето знаење во дерматолошката наука и технологија преку различни курсеви, работилници и предавања.

„Овој пат сме дел од престижната светска конференција и изложба за дерматологија и ласери во Дубаи, со нашата претставничка Наташа Гулевска. 20-тото издание на Дубаи Дерма под темата „Здравјето на кожата е наша грижа“ ги обединува специјалистите за нега на кожата, лидерите во индустријата и клучните носители на одлуки од регионот и целиот свет“, посочуваат од Промоиталиа.