Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска со нова интересна соработка со Урбан Рекордс.

Тамара на Јутуб каналот на Урбан Рекордс ја промовираше новата песна и видео записот за “ПОРОК”. До соработка дојде по одлуката на Тамара спотот да го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс.

Песната е во нејзин поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски.

Спотот го изработија Били Д и Гордан Божиновски. Како модел се појавува девојката Имам Тотиќ.

Се снимаше во студио во Скопје. За стајлингот на Тамара се погрижи Игор Марков.

Оваа е едно мало освежување во веќе изградениот музички стил на Тамара, која секогаш ги следела музичките и модни трендови.

Во продолжение новиот видео запис за “Порок “, за кој цениме дека изгледа светски, па погледнете и вие…