Полубратот на некогашниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, Ибрахим бин Ладен ја ставил на продажба својата луксузна куќа во Лос Анџелес.

Таа чини 28 милиони долари, а речиси 20 години била празна, односно од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година.

Таа била изградена во 1931 година, а вилата се наоѓа на земјиште од скоро еден хектар.

Има 660 квадратни метрки, со 7 соби и 5 тоалети, пренесува „Дејли Мејл“

Ибрахим ја купил оваа вила направена во медитерански стил во 1983 година за 1.653.000 долари, а денеска истата куќа би ја платил 5.5 милиони долари, поради инфлацијата од 38 отсто, се додава во текстот.

Направена е од бетонски ѕидови, во розова боја, а целиот посед се наоѓа неколку блокови од познатиот хотел „Бел ер“

Во непосредна близина се наоѓаат и две најголеми вили на израелскиот претприемач Бени Алагема и тајкунот Џефри Каплана.

Инаку, Ибрахим во моментот на терористичкиот напад бил надвор од САД на одмор, и никогаш повеќе не се вратил во САД поради негативната слика која се создала околу неговото презиме.

Осама бин Ладен, кој во САД го означиле како главен организатор на нападот во Њујорк и Пентагон, е убиен на 2 мај 2011 година во терористичкиот комлекс во Аботабаду, во Пакисатан.