Рен ТВ пренесува дека непознато момче во Москва физички ја нападнало 31-годишната ѕвезда на серијата „Ради жизни“, Вероника Ејдлин.

Како резултат на тоа, во болницата каде што беше одведена актерката, и беше дијагностицирана затворена повреда на черепот, потрес на мозокот, како и модринки на меките ткива на лицето, гребнатини и хематом.

Во моментов актерката е на лекување во домашни услови, додека пак причината за нападот се уште не е позната.