Нова важна информација од светот на телефоните што може да ве засегаат и вас.

Според официјалните информации, многу Андроид телефони наскоро нема да имаат никаква функција, па доколку ги имате, тоа значи дека ќе можете слободно да ги фрлите.

Се работи за телефоните кои Гугл ги претстави уште во декември 2010 година, а последната верзија на овој систем е произведена во септември 2011 година.

Ова се паметни телефони со оперативен систем Андроид 2.3.7 (попознати како GingerBread)

И на сите нив, од 27 септември оваа година, поддршката практично ќе им прекине и со нив нема да можете да се пријавите на вашата сметка на Гугл, а тоа значи дека ќе ви биде оневозможено, практично, користењето на сите апликации на телефонот.

Уште поедноставно објаснување, во случај да го користите овој телефон, на него нема да можете да користите апликации на Гугл како што се Google Maps, G-mail, Youtube, Google Play и други. Нема да имате ни опција за ажурирање, инсталирање на било која друга апликација.

Од компанијата велат дека кога ќе пробате да се вклучите на својата сметка или ќе користите некоја од апликациите, можете да очекувате да ви излегува „системска грешка“ која ќе ве предупреди на постоечка грешка кај вашето корисничко име или лозинка.