На 31. aвгуст во Њујорк македонскиот сликар Ѓоко Ризов беше дел од настанот „Abstraction  Have Voices” каде познатиот композитор и пијанист Маргин Александер од Њујорк, изведе неколку оригинални композици инспирирани од уметноста на Ризов и единаесет други уметници од девет различни земји.  Настанот во форма на музичка изложба беше инструментален концерт во Њујорк емитуван во живо преку онлине стриминг отворен за сите музички и уметнички љубители. По завршувањето на настанот истиот во форма на видео запис е пратен до повеќе галерии и куратори во САД. Маргин Александер за Ризов кажува дека во неговите уметнички дела открил еден сосема нов свет и дека неговата уметност е нешто што не го видел претходно. Инспириран од уметноста на Ѓоко Ризов, Маргин Александер компонира оригинално музичко дело кое може да се види во видеото на 10:25 минути : https://www.youtube.com/watch?v=GKwDcERinBE

Претходно на 21. август, Ѓоко Ризов имаше свој уметнички перформанс под наслов „Reflections and Frames“ во галеријата „Sound Light Color“ во Амстердам во кој перформанс учествуваше и Александра Црвенковски од Виена. Уметничкиот перформанс ги истражува човековите свесни и несвесни тенденции на „користење маски“ и во исто време категоризирање на се што се случува и постои околу нас. Прашувајќи се кое е нашето „вистинско лице„ и колку често лицето во огледалото е во спротивност со сликата што му ја прикажуваме на светот, Ѓоко Ризов во својот перформанс преку портрети, огледала и лица, го поставува прашувањето: како изгледа среќата, заљубеноста, осаменоста, депресјата или аксиозноста на човековото лице, и дали и колку сме спремни да се спознаеме себеси и другите.

Уметничкиот перформанс во интерактивна форма, наиде на огромно воодушевување кај публиката во Амстердам, а посетителите земаа и активно учество во истиот.

Повеќе за Ѓоко Ризов и неговата уметност, можете да видете на неговиот инстаграм профил: @_goartsy или на неговата веб страна www.goartsy.mk

Ѓоко Ризов речиси половина година живее и твори во Амстердам, Холандија каде претходно во 2017 година на Холандската публика и се представи со самостојна изложба. Инаку Ризов до мај 2021 година работеше како Помошник началник во Единицата за економски и компјутерски криминал при МВР и по напуштањето на службата продолжува активно да се занимава со уметност.