Една од најпознатите успешни бизнис жени во Македонија, Олгица Стојимировиќ пред неколку дена се здоби со светското признание во категорија на најуспешна жена претприемач на престижните светски награди “BUSINESS ELITE AWARDS 40 under 40”.

По повод наградата, сопственичката на регионално познатиот центар „Anti Aging Center by Promoitalia“ истакна дека оваа награда само го потврдува нејзиниот труд и нејзиниот успех во тоа што го работи.

„Сето тоа не би го имала без мојот тим кој е постојано покрај мене и без моите драги клиенти кои се моја мотивација да инвестирам постојано и да ги следам сите светски трендови во нашата дејност, а тоа е формулата што не прави лидери на пазарот“, истакна Стојимировиќ.